Белата куќа без коментари за шпиунажа

Од:

Белата куќа нема да ја коментира истрагата за интернет шпиунажа на американската НСА, ниту за Едвард Сноуден кој работеше за ЦИА и којшто наведе дека е извор на податоци.

Портпаролот Џеј Карни рече дека не очекува дебата за американскиот Програм за надзор да фрли сенка на европската турнеја на претседателот на САД Барак Обама, кој следната недела треба да присуствува на Самитот на Г8 и официјално да ја посети Германија, пренесе „Ројтерс“.

Дваесет и деветгодишниот Американец кој што работеше во канцелариите на НСА на Хаваи, ги пресними тајните документи и пред три недели замина во Хонг Конг.

Тој најпрвин беше технички асистент во ЦИА , а подоцна стана службеник на приватна фирма ангажирана од американското Министерство за одбрана и учествуваше во тајниот проект на НСА.

-Доколку сакам да го видам вашиот мејл или пораките на телефонот на вашата сопруга, можам тоа да го направам. Можам да дојдам до мејлови, шифри, податоци од телефон, кредитни картички. Не сакам да живеам во општество во кое што се случуваат такви работи, во кое се снима се што ќе се каже, изјави Сноуден за британски „Гардијан“.

Американскиот претседател ја потврди вистинитоста на информациите, но наведе дека целта на сето тоа е борбата против тероризмот.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија