Обама ќе се посвети на кризата во Сирија

Од:

Претседателот на САД, Барак Обама оваа недела на состанокот во Белата куќа ќе разгледа широк спектар на можности за решавање на кризата во Сирија.

Портпаролката на Стејт департментот, Џен Псаки истовремено изрази загриженост поради влошување на состојбата во Сирија.

-Претседателот ќе разгледа широк спектар на можности кои веќе се подготвени, а предвидени се и состаноци на кои ќе стане збор за состојбата во Сирија, која што на терен е се полоша. Тоа навистина е загрижувачко – изјави Псаки во Вашингтон.

Агенцијата „Ројтерс“ пренесе дека Белата куќа и државниот секретар Џон Кери можат да одлучат дали ќе им доставуваат оружје на сириските бунтовници.

САД и владите на други држави истражуваат дали во конфликтот режимските сили на Сирија користеле хемиско оружје, што според Обама би значело премин преку црвената линија.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

Гејтс донираше огромна сума пари за Камала Харис, истото го направија и други американски милијардери

Горан Наумовски

ВИДЕО: Масакр кај Сиетл,15-годишник уби петмина

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Се урна хеликоптер, неколкумина загинати, меѓу кои и дете

А1он

САД се загрижени се можното присуство на севернокорејски војници во Украина

Несреќа во САД: Се урна пристаниште, најмалку седум загинати