Се појави Сашо Мијалков, го подигна решението за куќен притвор

Од:

Сашо Мијалков се појави во Обвинителството за следење организиран криминал и го подигна решението за домашен притвор. Информацијата ја објави премиерот Зоран Заев.

„Се пријави Сашо Мијалков во Обвинителството за организиран криминал и обезбеден е неговиот домашен притвор“ – пишува Заев.

После преземената акција објавувам конкретен резултат од кој имаме значаен успех:
Се пријави Сашо Мијалков во…

Posted by Zoran Zaev on Tuesday, 23 February 2021

Мијалков кој го немаше два дена и по него беа во потрага повеќе институции, а имаше и меѓународна потерница во изјава за ТВ 24 рече дека бил во изолација и затоа го немало. Имал како што објасни висока температура и не знаел дека го бараат. Утрово сфатил дека има потрага по него. Тој се извини на сите, на јавноста, Обвинителстовто, Владата за хаосот кој го предизвикал.

Мијалков кажа и дека нема да бега и останува во државата.

– Оној којшто ме познава знае, јас кога ќе дадам збор не го погазувам. Јас јавно дадов збор дека нема да побегнам никкогаш. Се случи тоа еден ден во изолација и еве гледате непријатности, изјави Мијалков.

Според објавата на премиерот, предавањето на Мијалков е резултат на преземената опсежна акција на институциите.

Би можело да ве интересира

Левица: Хотелот на Мијалков нема решение за Елаборат – Пецаков го штити дивеењето

Левица: Инспектор постапил незаконски при надзор над хотелот на Мијалков

Горан Наумовски

Власта молчи пред дивеењето на Мијалков на Охридското езеро, обвинува Левица

ВРЕДИ: ДУИ го губи компасот, во забуна не знае што прави, кого напаѓа, а кого го брани

Браќата Мијалкови добија орден од МПЦ

Мијалков утрово го напушти струшкиот затвор, бил примерен затвореник