Иранката Захма Исмаили, која чекаше да биде погубена, почина од срцев удар, но нејзиното тело беше обесено за да може нејзината мајка да гледа, изјави нејзиниот адвокат, пренесува Њујорк пост.
Исмаили беше осудена минатата среда за убиство на нејзиниот сопруг, висок функционер на Министерството за разузнавање, кого го обвини дека ја злоставувал, пишува весникот Тајмс.
Таа паднала мртва кога пред себе видела 16 обесени мажи, според нејзиниот адвокат Омид Моради, кој испрати пораки до лондонскиот весник и до Иранската агенција за набљудување на човековите права.
– Срцето на Захра запре, таа почина пред да ја одведат на бесилка. Официјална причина за смртта е срцев удар, напишал Моради.