Истражување: Мистичниот натпис на „Врисок“ е од самиот Едвард Мунч

Од:

Мистериозниот натпис на познатата слика „Врисок“ на Едвард Мунч одамна ги збунува љубителите на уметноста, околу тоа – кој ја напишал таа реченица… Норвешки графолози сега тврдат дека конечно „ја разоткриле“ загатката.

Едвај видлива со голо око, реченицата „Ова може да го наслика само лудак“ е напишана на норвешки јазик со хемиско пенкало, во горниот лев агол на сликата. Платното од 1893 година, симбол на егзистенцијалната вознемиреност, прикажува човековидно суштество на мост, како си ја држи главата во очигледен очај, под крваво-црвено небо.

Авторот на реченицата долго беше непознат, односно неутврден. А, главната претпоставка говореше дека таа е напишана на почетокот на 20 век, од некој разочаран навивач.

Но, стручњаци од Норвешкиот национален музеј, користејќи инфрацрвена технологија и анализа на ракописот, дошле до сознание дека самиот Мунч ја напишал оваа „мистериозна“ реченица.

– Несомнено е дека тоа е ракописот на Мунч. Освен ракописот, и се друго што се случило 1895 година, кога Мунч првпат ја претставил сликата во Норвешка, укажува на тој заклучок, рече кураторот на музејот, Мај Брит Гуленг.

Првиот јавен приказ на сликата предизвикал жестоки критики и покренал прашања во врска со психичката состојба на сликарот. Тоа, како што смета Гуленг, веројатно го натерало Мунч да ја напише реченицата на платното кратко потоа. Сликарот, кој се смета за основоположник на експресионизмот, бил прогонуван од прераната смрт на неколку членови на семејството, вклучувајќи ги и неговата мајка и сестра му. Во 1908 година тој минал извесно време и во психијатриска болница.

Ремек-делото ќе биде изложено повторно во Националниот музеј откако новата зграда ќе биде готова следната 2022 година.

Би можело да ве интересира

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

Утре започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија

Ана Ололовска

Започна 15-та јубилејна Меѓународна графичка работилница „Софија“ во Богданци

Ана Ололовска

Зоран Попоски изложува на Месецот на дигитална уметност во Париз

Ана Ололовска

Изложба на проширено кино „Терански Фрагменти“

Ана Ололовска

Избрани четворицата финалисти за наградата ДЕНЕС за млад визуелен уметник до 35 години

Ана Ололовска