Орбан: Нема источни и западни вакцини, има само добри и лоши

Од:

Унгарскиот премиер Виктор Орбан синоќа изјави дека државите мора да набават вакцини што е можно побрзо и во што поголеми количества, без разлика дали тие доаѓаат од истокот или од западот.

Во онлајн интервјуто за германскиот портал „Фокус“, а по повод одлуката на Унгарија да ја купи руската вакцина „Спутник V“, Орбан кажа дека задача на политичарите во пандемијата е да преземат одговорност и да го заштитат здравјето и животот на граѓаните.

-Затоа што оние кои ќе купат време можат да спасат животи и да си ја повратат слободата, рече унгарскиот премиер.

Орбан истакна дека нема „источни или западни вакцини, туку само добри или лоши“, пренесе унгарската агенција МТИ.

Тој додаде дека набавката на вакцини и затегнатите односи меѓу ЕУ и Русија може да се сметаат за одделни прашања.

-Објективно гледано, јасно е дека Источна Европа развила култура на вакцинација за време на комунизмот, што доведе до искоренување на вирусот во Источна Европа многу порано отколку во Западна Европа, каде руската вакцина не беше прифатена од идеолошки причини, рече Орбан.

Во врска со централизираната програма за набавка на вакцини во ЕУ, унгарскиот лидер кажа дека е јасно оти станува збор за погрешна одлука.

-САД, Велика Британија, Израел, па дури и Србија се далеку пред нас земјите-членки на ЕУ, рече Орбан, додавајќи дека сега е предоцна да се смени тој курс.

Би можело да ве интересира

Сијарто: Не пристигна подобра понуда за замена на руската енергија

(ВИДЕО) Легендарниот Унгарец колабираше и почна да се тресе – натпреварот од Лигата на нации веднаш беше прекинат

Горан Наумовски

Орбан: САД предводени од Трамп ќе ја напуштат војната во Украина

Орбан: Полската влада беше инсталирана од ЕУ, истото сценарио сега функционира и во Унгарија

Виктор Орбан: Европската Унија се обидува да ја собори владата во Унгарија и да инсталира марионетска влада

Горан Наумовски

Средба Николоски – Лазар, тема брза пруга на Коридор 10 и квалитетно поврзување на Скопје со Будимпешта