Организациите за човекови права ја тужат Белгија поради рестрикциите за Ковид-19

Од:

Најголемата организација за човекови права на Белгија поднесе тужба против државата поради управувањето со здравствената криза кое, според организацијата, довело до прекршување на основните слободи на граѓаните.

Како што соопшти денеска Лигата за човекови права од двете страни на јазичната граница во Белгија, начинот на кој што извршната власт носи одлуки и рестрикции во име на борбата против Ковид-19 без надзор е неприфатлив.

– Оваа концентрација на моќ во рацете на извршната власт без никаква парламентарна контрола не може повеќе да се толерира. Матните ветувања дека ќе има законска рамка од јуни 2021 и која ќе има за цел само да ги уредува идните епидемии се далеку од доволни, велат од двете Лиги за човекови права на Белгија.

Бранителите на човековите права сметаат дека носењето одлуки од страна на Министерството за внатрешни работи за воведување рестрикции се прави без солиден правен основ „со повод дека се итни“ мерките.

– Бараме да се констатира дека законската база не е доволна и бараме од Парламентот да усвои законска рамка со парламентарна дебата за нашите права и слободи да можат да се ограничуваат само со закон, изјави за јавниот сервис РТБФ претседателката на франкофонската Лига за човекови права, Оливиа Вене.

Организациите денеска поднесоа тужба пред првостепениот суд во Брисел против белгиската држава.

Би можело да ве интересира

Белгиски научници открија како да го блокираат коронавирусот

Илјадници протестира во Брисел против ограничувањата воведени поради пандемијата

Катерина Ѓуровски

Делта-сојот стана доминантен во Германија и во Белгија

Катерина Ѓуровски

Половина од возрасното население во Белгија примило барем една доза вакцина

Интензивната нега во Белгија под огромен притисок, зафатени 96 отсто од креветите

Третина од случаите со Ковид-19 во Белгија се од британскиот сој