Заев: Чекорот на ЛДП направен во овој момент го сметам за удар врз СДСМ

Од:

Имаме мнозинство, но чекорот на ЛДП во овој момент го сметам за удар врз СДСМ, вели премиерот Зоран Заев по чекорот на пратениците на ЛДП сами да делуваат во Собранието. Тој смета дека не требало ваква одлука да се донесе во овој момент, поради тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ дека парламентарното мнозинство се ситни.

„Мислам дека одлуката е донесена уште при формирање на владината коалиција, но чекаа соодветен момент за да имаат самостоен настап. Ние сме коалиција, мнозинство. Одговорот е за да имаат поголема видливост, бидејќи помалите партии се претопени во поголемите партии. И БЕСА размислува за посебна пратеничка група, но тоа е нивно право, да истапат, но да продолжиме со коалиција. Еве ЛДП сакаа сами да настапуваат, но дека не е соодветно времето – не е. Во вакви околности кога опозицијата тврди дека може да формира мнозинство, а власта тврди дека тоа апсолутно не е возможно, ваквиот исчекор на ЛДП апсолутно е испраќање на јасна порака која е повредување на коалициониот настап. Јас тврдам дека имаме одлична соработка, како и дека не е моментот сега тоа да го направат. Може да се почека 10-15, месец дена, кога ќе помине актуелноста на темата. Но, ЛДП се друга политичка партија и сами одлучуваат. Јас вчера искомуницирав со генералниот секретар на СДСМ и кажав дека ова го сметам за удар врз СДСМ. Зошто? Затоа што не е вистниснко временски одмерено. Но, така одлучија да постапат и респект за тоа. Јас верувам дека постои парламентарното мнозинство и дека во брзо време ќе го докажеме, ако не и повеќе од 62 пратеници“, рече Заев.

Тој убедува, дека СДСМ има кворум во Собранието, а седниците се одлагаат само поради тоа што меѓу пратениците има и такви кои се во изолација или се заразени со коронавирус.

 „Имаме целосен кворум, 62 пратеници. Тоа што пандемијата го прави насекаде во светот, го прави и тука. Жалам што опозицијата не прифати онлајн седници. Кога имате случаи на тесно мнозинство од 62 пратеници што е уште од денот на изборот на Владата, се случува да не можат сите да бидат присутни. Верувам дека ако ги прашате сите 62 пратеници лично, ќе ви кажат колку Христијан Мицкоски лаже“, рече Заев.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче му возвраќаат на Заев, неговите деца во партијата станаа кандидати за градоначалници

ВМРО-ДПМНЕ: Акиов е човек од доверба на Заев и соучесник во сценариото кое го подготвил со Филипче за дестабилизација во Кочани

Зајкова: Единствена позиција за претстојниот НАТО самит и изработка на стратегија за инвестирање во домашната одбранбена индустрија

Во енергетска криза, кланот Заеви и Филипче преку шема на фирми препродавале јаглен на ЕСМ три пати поскапо и профитирале, а граѓаните плаќале повисоки сметки за струја

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Аврамовски: ЛДП утре во Собранието повторно ќе го поднесе предлог законот за отворени листи и една изборна единица

Горан Наумовски

ЛДП бара една изборна единица и отворени листи

Горан Наумовски