(ВИДЕО) Мицкоски: Државата е на удар од луѓе кои криминалот им е основно занимање, а политиката ја гледаат како челичен штит од правдата

Од:

Државата е на удар од луѓе кои криминалот им е основно занимање, а политиката ја гледаат како челичен штит од правдата која никако да успее да пробие, кажа Мицкоски во денешниот негов говор, пред настан на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ во чест на меѓународниот денот на мајчиниот јазикот.

– Епа еве ви кажувам, нема штит, нема корумпиран судија или корумпиран обвинител кој ќе спаси корумпиран политичар од тоа за криминалот да одговара. И не ме интересира кој од која партија е, кој кого протежира е, за криминалот со чекан, а не со молење. Од првиот до последниот ќе се соочите со правдата за секое свое дело или отстапување од законите и Уставот, дополни тој.

Мицкоски потенцира дека таквиот криминал е опасен затоа што удира и по македонизмот.

– Што мислите зошто денес за само 4 години под прашање, под сомнеж, под удар ни е јазикот, посебноста, идентитетот, името, нашето постоење. Затоа што различно гледаме со власта, тоа што за мене е посвето од сите свети работи, за овие што ја водат власта е прашање на бизнис и пари. Не може едноставно не може премиерот најкорумпираниот премиер да е на чело на владата која пак е најкорумпирана во Европа, а тој така корумпиран со раката навалена на срце да вели дека е чесен. Народот веќе добро ги препознава тие игри и целосно е свесен за процесите, кажа Мицкоски.

– Таа корупција и таа состојба на криминализираност на се и сешто во нашето општество треба да ги загрижи многу повеќе и меѓународните фактори кои во овој човек во минатото затоа што не се мислеше да распродава се што некој нему му оставил, гледаа милениче кое постепено гледаме како им станува товар, затоа што никој па и тие не сакаат да си имаат работа со криминалец. Затоа што неговиот товар станува и нивен товар, неговиот срам може набргу да стане и нивен срам. Затоа и тие треба да реагираат за сето она што е акутна опасност во нашето општество, неправдата, сиромаштијата, неказнетиот криминал, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски