Пимен: Со фрлените јајца можевте да ги нахраните сиромашните деца

Од:

Митрополитот европски Пимен повторно реагира на фејбук страната на Европската епархија на денешните случувања пред општината Центар кои се случија во име на верата.

„Христијани мои кои ја браните црквата!

Ај што повторно направивте материјална штета а патем од тоа немаше ефект ама што не размисливте христијански барем дека со толку фрлени јајца можевте да нахраните сиромашни и гладни деца што бараат макар и расипано јајце во контењерите, тоа боли повеќе…

А башка и не одделува од Бога… “, напиша Отец Пимен.

evropska-eparhija

Тој засега е единствениот што се дистанцира од насилното однесување на тие што демонстрираат во име на верата.

Тоа не го направи владиката Агатангел кој и денеска изјави дека Жерновски требало да го собере и да им каже дека не се урива црквата, но сега откако дознал нема да протестирал. Сепак тој го нападна владиката Пимен и не му било јасно зашто критикувал.

Агатангел кажа дека на протестите бил со благослов на архиепископот Г.Г. Стефан, со кого пак утре во 10 часот средба има градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски.

По денешните протести, во општина Центар е повторно уништен дел од инвентарот. Беа фрлени стотици јајца на општинската барака, скршени прозорци, уништен дел од железната ограда.

Би можело да ве интересира

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски

Утре во Скопје ќе има протест и марш, МВР со посебен сообраќаен режим

Горан Наумовски

Општина Центар затвори нелегално градилиште на булеварот „Никола Карев“

„Шанса за Центар“ предупредува: Повторно со техничка исправка на план ќе се гласаат два ката плус спроти стара Градска болница

Маја Илиевска-Пачемска

Комисија од Центар ги запишува покривите што летаа во невремето и поплавените простории