(ВИДЕО) Каевски: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ го кочат новиот Клинички центар, работат на штета на граѓаните и државата

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски продолжува да работи на штета на граѓаните и државата. ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски само нешто блокираат, кочат, се однесуваат деструктивно кон секое важно прашање за државата.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ со 2.000 амандмани го блокира носењето на Законот потребен за да започне изградбата на нов Клинички центар во Скопје кој ќе пружа квалитетни и интегрирани здравствени услуги за сите.

ВМРО-ДПМНЕ можеби е единствената партија во светот која се противи државата, граѓаните да добијат нов Клинички центар, прв по цели 80 години“, вели Дарко Каевски, пратеник на СДСМ.

„Ете до таму оди деструктивноста на очајниот губитник Мицкоски.

Разликата е очигледна. Додека премиерот Зоран Заев отвора и пушта во употреба детски градинки, спортски сали, Мицкоски го блокира пописот, и работи против градење на нов Клинички центар.

Затоа, Мицкоски е таму каде што е, во длабока опозиција, каде уште долго ќе остане, затоа што не се води од интересите на граѓаните и државата, туку од своите и интересите на раководството во Белиот дворец.

Деструкциите на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ одново ќе бидат поразени, државата, граѓаните, здравствените работници, ќе добијат нов современ и фунцконален Клинички центар“, изјави Дарко Каевски, пратеник на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Апелација да постапи веднаш – „Талир 2“ не смее да заврши со спас на Никола Груевски

СДСМ: Стратешкото партнерство со САД оди заедно со членството во ЕУ

Горан Наумовски

СДСМ: Дизелот над 100 денари – четврто поскапување за еден месец и нов удар врз семејниот буџет

СДСМ: Избори ќе закаже кога ќе снема пари – Ние нема да му бидеме алиби, но граѓаните ќе му бидат сведоци

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски си ја крои статистиката – граѓаните ја гледаат во продавница

СДСМ: Орце Ѓорѓиевски чита календар за прскање, а Скопје брои четири починати