122 санкции за брзо возење на автопатот Гевгелија – Куманово

Од:

Во текот на вчерашниот ден Мобилната единица за безбедност во сообраќајот на патиштата спроведе зајакната акциска контрола за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената на автопатот Гевгелија – Куманово, при што санкционирани се 122 возачи кои возеле со брзина поголема од дозволената, информира Министерството за внатрешни работи.

Од нив, 19 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а пет возило со брзина над 70 километри на час повеќе од дозволеното.

Од МВР посочуваат дека засилените акциски контроли ќе продолжат и во наредните денови. Оттаму апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Би можело да ве интересира

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ

По еден ден прекин, попаднево повторно воспоставен железничкиот сообраќај во земјава