Здрави навики кои штитат од мозочен удар

Од:

Активниот живот, контролата на холестеролот и шеќерот во крвта, здравата исхрана, редовното мерење притисок, одржување на телесната тежина, се навики кои треба да ги имаат луѓето за да се заштитат и да го намалат ризикот од мозочен удар.

Резултатите од најновото истражување на американски лекари покажуваат дека доколку луѓето успеат да се сменат некои од животните навики, големи се шансите да се намали ризикот од мозочен удар.

Во истражувањето кое го спровел експертски тим за проценка на ризик од мозочен удар учествувале 23.000 испитаници на возраст од 45 години и повеќе, а експертите се раководеле според препораките на Американското здружение за здравје на срцето, кое наведува седум фактори важни за здравјето.

Тоа се: активен живот, контролирање на холесторолот и шеќерот во крвта, здрава исхрана, редовно мерење притисок, одржување на телесната тежина и секако непушењето.

Во текот на петте години, колку што траело испитувањето, забележани се 432 случаи на мозочен удар кај испитаниците. Сите седум фактори притоа играле важна улога во предвидувањето на ризикот од мозочен удар, а најважниот фактор бил крвниот притисок, односно неговата висина.

– Во споредба со лицата кои имале лош резултат од мерењето на крвниот притисок, пациентите со идеален притисок имале 60 отсто помал ризик од мозочен удар во иднина, изјави еден од експертите, докторката Мери Кушман.

Експертскиот тим заклучи дека лицата кои не пушат или кои престанале со оваа навика повеќе од една година пред почетокот на испитувањето, имале 40 проценти помал ризик од мозочен удар.

Би можело да ве интересира

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска

Откриен досега непознат дел од човековата вилица

Ана Ололовска