199 санкционирани возачи во Скопје: 49 за брзо возење, 23 без возачка дозвола и 29 за возење под дејство на алкохол

Од:

Министерството за внатрешни работи информираше дека во текот на вчерашниот ден продолжило со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

– Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 199 мерки, од кои 23 за возење без возачка дозвола, 49 за управување со брзина поголема од дозволената, 29 мерки за возење под дејство на алкохол, 11 мерки за нерегистрирани и технички неисправни возила, 5 за поминување на затворен семафор (црвено светло), 12 мерки за користење на мобилен телефон, 7 за некористење на сигурносен појас и 29 санкции за непрописно паркирање, соопшти МВР.

Оттаму велат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Министерството апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

Би можело да ве интересира

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ

По еден ден прекин, попаднево повторно воспоставен железничкиот сообраќај во земјава