Исламисти во Офебаху нападнаа тричлена екипа на германска телевизија „SWR“, која подготвувала прилог за учество на припадници на муслиманската заедница во војната, во Сирија.
Нападот се случил пред една џамија, а екстремистите му нанеле повреди на помошникот на снимателот, кој е префрлен во болница.
Новинарите сакале да известуваат за наводите дека некои муслимани од исламската заедница се подготвуваат за учество во сиријската граѓанска војна, па екипата по тој повод имала договорено интервју со Имам.
Кога новинарите пристигнале на договореното место, каде што требале да го чекаат Имам ги нападнала група млади момчиња, пренесоа медиумите.
Имам изјави дека е шокиран од нападот, но потврди дека одредени членови на исламската заедница се подготвуваат да патуваат во Сирија.
Германските медиуми и претходно пишуваат за учество на германските муслимани во сиријската војна.
Елена Георгиевска