Сириската државна телевизија денеска објави дека властите подготвуваат операција за „ослободување“ на најголемиот град во ж северниот дел на земјата, Алепо.
Телевизијата емитувала снимки од тенкови, за кои тврди дека се насочени кон економската престолнина на Сирија.
Речиси една година Алепо е поделен на реони, контролирани од режимот и бунтовниците. Шпекулациите дека силите на претседателот Башар ал Асад ќе се обидат да ја вратат целосната контрола врз Алепо се зголемија откако минатата недела тие го презедоа клучниот западен град Кусеир, во близина на границата со Либан.
Во меѓувреме, опозицискиот Сириски центар за мониторинг на човековите права соопшти дека бунтовниците успеале да ја преземат радарската кула на стратешкиот воен аеродром Миниг.