Норвешка ќе ги олабавува строгите закони за поседување и користење дрога

Од:

Норвешка да ги либерализира своите строги закони против рекреативна употреба на дрога, пренасочувајќи го вниманието кон лекување наместо затворската казна или парични казни за оние кои поседуваат мали количини, предложи денеска Владата на малцинскиот десен центар во нордиската земја, која има една од највисоките стапки на смртност од дрога во Европа.

Владата се надева на либерализација, но законот е политички контроверзен и останува нејасно дали парламентот ќе го усвои, пишуваат странските медиуми..

– Децениите со кривични казни се покажаа неуспешни, изјави лидерот на Либералната партија и министер за образование Гури Мелби. – Ние повеќе нема да стоиме настрана и да гледаме како се стигматизираат луѓето и се нарекуваат криминалци кога тие всушност се болни, изјави тој.

Според владиниот предлог дрогите, вклучувајќи хероин, кокаин и канабис, сè уште би биле нелегални и ќе подлежат на конфискација, но поседувањето на мали количини веќе не би било казниво. Наместо тоа, советувањето ќе стане задолжително, а одбивањето да се побара помош може да резултира со парична казна.

– Верувам дека младите можат да бидат мотивирани да го променат своето однесување без закана со сила или кривична казна, рече министерот за здравство Бент Хеје од Конзервативната партија. Според него, ова ќе го олесни барањето помош кога ќе им биде потребна, бидејќи нема да мора да стравуваат од затвор или парични казни.

Би можело да ве интересира

Масовниот убиец Брејвик не е ментално болен, тврдат норвешките психолози и психијатри

Дрога, оружје, пари и мобилни телефони најдени при претрес кај скопјанец

А1он

Велешанец проголтал дрога за да ја сокрие од полиција, па завршил во болница

Горан Наумовски

Норвешка: Воз излета од шините, најмалку едно лице загина

Кривична за жител на дебарското село Отишани, поради поседување марихуана

Горан Наумовски

Полицијата уапси дилер во Штип, пронајдена е дрога во неговиот дом

Горан Наумовски