Бојко Борисов нареди отворање зелен коридор за оние кои сакаат да се вакцинираат во Бугарија

Од:

Бугарскиот премиер Бојко Борисов повика на забрзување на вакцинацијата, така што 10.000 луѓе ќе се имунизираат на ден наместо сегашните 4. 500 неделно и помалку од 100 за време на викендите. Денеска е поставена организација со помош на која ќе се достигне 10.000 вакцинирани, соопшти бугарскиот министер за здравство Костадин Ангелов.

Тоа би бил рекорден број на луѓе вакцинирани на ден од почетокот на имунизацијата на крајот на минатата година. – Четвртата фаза од планот за вакцинација ќе биде комбинирана со другите фази. Во болниците во Бугарија ќе се создадат зелени коридори за да може процесот да се забрза, вклучително и за време на викендите, рече Борисов. Така, стапката на вакцинација значително ќе се зголеми, „ќе имаме уште поголем штит против пандемијата и нема да има потреба од дополнителни затворања или ограничувања, како што има во другите земји“.

Во исто време, Борисов се пофали дека земјата стои многу добро во однос на анти-епидемиски мерки во споредба со другите земји со многу построги ограничувања и многу поголем процент на вакцинирана популација, што премиерот го објасни со „Божјата помош”.

– Бугарија вчера имаше 1.086 нови случаи. Соседите од Грција, каде што се наоѓаат во целосна блокада со месеци, имаат 1.400, Србија – 2.561 и Чешка – 10.813, што е исто население со Бугарија. Значи, има две работи: адекватен третман со лекови и немам друго објаснување за овие податоци. Во Бугарија, рака на срце, луѓето не знаат што е пандемија. Тие не знаат како е да се биде затворен, рече бугарскиот премиер Бојко Борисов.

Би можело да ве интересира

Европската агенција за лекови ја препорача адаптираната бустер вакцина на Фајзер

Русија разви вакцина против новите варијанти на коронавирусот

Катерина Ѓуровски

Германец примил 87 вакцини против ковид

Војската на САД работи на моќна супер-вакцина против коронавирус

Четвртата доза ја зголемува заштитата од тешка форма на Ковид-19 за трипати покажува израелска анализа

Досега во светот се администрирани повеќе од девет милијарди вакцини против Ковид