САД ќе почнат да ги пуштаат мигрантите кои Трамп ги протера во Мексико

Од:

САД од денска ќе почнат да ги пуштаат во земјата првите групи баратели на азил кои чекаат во Мексико да им се разгледаат нивните случаи, што претставува почеток на крајот на една од најстрогите имиграциски политики на поранешниот американски претседател Доналд Трамп.

Новиот претседател на САД, Џо Бајден вети во предизборната кампања дека ќе ја укине политиката на Трамп, позната под името Протоколи за заштита на мигрантите.

Според таа програма, на повеќе од 65.000 баратели на азил кои не се од Мексико им беше забранет влез во САД и беа вратени преку граница во очекување на судското сослушување.

Повеќето од нив се вратиле во своите домови, но некои останале во Мексико во сиромашни или опасни услови, како потенцијални мети на киднапирање и други насилства.

Сега тие ќе можат да влезат во САД и тука да го чекаат разгледувањето на нивните барања за азил пред имиграциските судови. Ќе бидат пуштени во земјата постепено, во мали групи.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија