Владата усвои дополнување на договорот за набавка на Ковид-19 вакцини од СЗО

Од:

Владата денеска на седница ја разгледа и ја усвои Информацијата за склучување Анекс на Договорот за преземени обврски од 19 ноември 2020, кој го склучи со Глобалниот сојуз за вакцини (ГАВИ / GAVI ALLIANCE), за набавка на одобрена вакцина за КОВИД-19 преку КОВАКС-механизмот за обезбедување глобален и рамномерен пристап до безбедни и ефективни антиковид-вакцини.

-За спроведување на набавката вакцината мора да виде одобрена и оттаму Владата даде согласност за склучување Анекс на Договорот во кој „одобрена вакцина“ значи вакцина против КОВИД-19 во однос на која ГАВИ има стапено во Обврска за напредна набавка и која има претквалификација од Светската здравствена организација (СЗО), стандардно/условно одобрение за пуштање во промет или одобрение за употреба во итни случаи, воспоставено од Строго регулаторно тело (СРТ) или Список за употреба во итни случаи на СЗО, соопшти прес-службата на Владата.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски