Бајден ветува четири милијарди долари за програмата „Ковакс“

Од:

Американскиот претседател Џо Бајден ќе вети, за време на самитот на Г-7, дека САД ќе одвојат четири милијарди долари за програмата за дистрибуција на вакцините против Ковид-19, „Ковакс“, соопшти Белата куќа.

Првата транша од две милијарди долари ќе биде исплатена „многу брзо“, изјави висок американски функционер. Втората транша од уште две милијарди американски долари постепено ќе се пренесува во текот на две години, во 2021 и 2022 година.

Програмата „Ковакс“ планира да обезбеди вакцини против Ковид-19 оваа година за 20 проценти од населението од речиси 200 држави, но најмногу се потпира на такви механизми за финансирање што им овозможуваат на 92 земји со ниски и средни приходи да добијат пристап до вакцини.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Бајден: Издавањето налог за апсење на израелски лидер е срамота

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија