ВИДЕО: Тексас и натаму е во хаос, снежната бура продолжува, милиони мрзнат без струја

Од:

За околу 78 милиони американци на сила е предупредување за студено време, а 27 милиони се под предупредување за силен студ и замрзнување.

Од минатиот викенд во САД поради последиците од бурата и ниските темпрератури починале најамлаку 38 лица. Властите претпоставуваат дека кај уште осум дополнителни смртни случаи се работи за последици од големиот студ, но уште се чекаат наодите од обдукциите.

Најкритична е состојбата во Тексас каде температурите и натаму се под или блиску до нулата, а огромен дел од населението е без струја и без греење. Гувернерот Грег Абот им порача на граѓаните дека ќе се обиде да го реши проблемот со недостатокот на струја.

Речиси 300 илјади семејства и компании во Тексас и натаму немаат струја. Дел од населените се обидува да се грее со помош на генератори, со дрва, а некои и спијат во автомобилите само за да им е потопло.

Властите ги предупредуваат жителите да не користат скари и греалки на пропански боци во затворени простории затоа што голем дел потоа доаѓаат во болниците затруени со јаглерод моноксид. Во Тексас во текот на оваа бура почнаа најмалку 10 лица.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија