ВИДЕО: Снегот оваа година ги изненади камилите во Саудиска Арабија

Од:

Обилен снег и виулици вчера го зафатија северозападниот дел на Саудиска Арабија, а во близина на градот Табук, снимена е реакцијата на неколку камили, кои не изгледаат воодушевено од новонастанатите снежни временски услови.

Снегот не е невообичаен за овој планински дел од Саудиска Арабија, а регионот околу Табук е позната туристичка одредница за многу луѓе од земјата и регионот, кои таму одат за првпат во животот да видат снег во живо. Некои туристи вчера возеле неколку стотици километри од Обединетите Арапски Емирати, за да можат да уживаат во зимската глетка.

Снежното невреме од средата зафати големи делови од Блискиот Исток и Медитеранот, вклучувајќи ги Либан, Сирија и Саудиска Арабија. Во некои региони, снег паднал за првпат во забележаната историја.

Властите издадоа предупредување за временските услови во повеќе делови од Кралството. Невреме со грмотевици, замрзнат дожд и снег се очекува во главниот град Ријад, како и во повеќе други големи градови.

Би можело да ве интересира

На Плетвар магла, на Ѓавато слаб снег

Слаб снег провејува во Кичево, Пресека и Буково

Поради снегот, Итната помош во Скопје деновиве имала 254 интервенции

Студено со снег и забрани и предупредувања за движење на критичните точки

Забрани за товарни возила низ државава, снежни врнежи се очекуваат и ноќва

А1он

Постаро лице заглавено од снежни наноси во својот дом во Кочанско, одбива евакуација