(ВИДЕО) „Тиктокер“ сквернави гробови: Дискусија е колку тоа е здраво и нормално, велат психолозите

Од:

„Тик-ток“ и натаму останува место за натпревар во собирање на поддржувачи преку промовирање на активности кои се косат со законите. Секојдневно се појавуваат нови видеа со вознемирувачка содржина. Овој пат, две лица сквернават гробови и се снимаат. Непознато е за кои гробишта станува збор, а видеото е снимено изминатиов период. Психологот Мирјана Јовановска-Стојановска вели дека вакви видеа се снимаат затоа што пред се постои можност, а со цел да се привлече внимание. Во првото видео еден од двајцата момци лежи на гробна плоча.

„Тоа е, ми недостигаа моите. Мајка ми, ама на овој татко ми му го изгребаа лицето, ако Господ ќе му плати. Во ова видео очекувам 1.500 лајкови, ако има, ќе си направам гроб со надгробна плоча изгребана, со дрва направени. Се гледаме во наредно видео, оставете ме да спијам“, вели едно од лицата кое лежи по гробови.

И второто објавено видео е со слична содржина, а снимано е на истите гробишта. Овој пат, лицата сквернават дрвен крст. Видеото на „Тик-ток“ предизвика лавина од негативни реакции и коментари. Корисникот најавува и снимање на нови видеа со иста содржина ако собере 1500 лајкови.

„Жално е на христијански гроб најде вака да правиш, оди на твоите гробишта да те видам неписмен еден, ќе те стигне казната и тебе, не бери гајле“, се вели во еден од стотиците коментари.

Корисникот на „Тик-ток“ кој објавува видеа од сквернавење на гробови е потпишан како „Сергеј_Блоцкер_Муса“. На негативните коментари за видеото кое го снимил за да собира лајкови, тој не изразува каење туку пишува: „Е па затоа јас вака ви правам на вас каурите затоа што не знаете со луѓето како да се однесувате, да ви е**м крвта каурска што ми пишувате, свињи, свињари“.

Психологот Мирјана Јовановска-Стојановска вели дека и порано се правеле вакви работи од млади луѓе, но не постоеле можност тоа да го рашират и истото да го гледаат илјадници луѓе. Желбата за внимание доведува до вакви видеа, образложува таа.

„Голем е дијапазонот зошто е ова вака. Сите бараме внимание и тоа ни е потребно за да живееме и да функционираме нормално. Сега кога се изолираме сите патиме за да имаме внимание од другите. Ова е еден од начините кој им одговара на некои луѓе. Не можам да зборам за дечкото, но нормално е кога знаеш дека илјадници луѓе кои ќе те видат во танга, во гробот, тоа е вид егзибиционизам, да покажеш јавно, да направиш. Колку е здраво и нормално, сето тоа е дискусија. Се сеќавам моите другари, има 14 катница до нашата зграда. Тие одеа по ивицата на кровот од зградата, за да видат кој ќе помине поголема дистанца. Тоа беше игра со животот. Младите некогаш добиваат такви идеи и го ставаат животот во опасност. Ова лице барем не си го загрозува животот, туку се појавува јавно и кажува морбидни работи. Тоа се користи дури и во театарот, најинтересно во претставата што може да се пцуењето, а да нема некоја поголема содржина. Лајковите се уште повеќе и уште помасовно допринесуваат. И тие кои реагираат и коментираат имаат облик на егзибиционизам. Најдобриот начин е да го игнорираш тотално, ќе се повлече, ќе види дека не му успева финтата. Вака се чувствува важен“, вели Јовановска-Стојановска.

Би можело да ве интересира

ТикТок повторно на мета: Поднесена уште една тужба за собирање податоци за деца

A1on

ВИДЕО: Невремето предизвика поплави, две девојки скокнаа во водата за да се снимаат за ТикТок

Предраг Петровиќ

Канаѓаните се предупредени: Не користете TikTok

Горан Наумовски

Бајден го потпиша законот: ТикТок има една година да најде нов сопственик или ќе биде целосно забранет во Америка

Најгледано видео на ТикТок во 2023 година

Предраг Петровиќ

Заглавени возила, сообраќај во застој, на Задушница гужви кон гробиштата

Катерина Ѓуровски