Германците ја одбиваат вакцината на АстраЗенека

Од:

Германските сојузни покраини известуваат за намален интерес за вакцината против коронавирус произведена од британско-шведската компанија АстраЗенека поради извештаите во медиумите за помала ефикасност на оваа вакцина.

„Многумина го откажаа терминот за вакцинација кога слушнаа дека треба да се вакцинираат со АстраЗенека“, соопшти Министерството за здравство на сојузната покраина Северна Рајна-Вестфалија.

Во градот Минстер, на северот на оваа провинција, 30 проценти од медицинскиот персонал во здравствените установи на градот одбиле да се вакцинираат со оваа вакцина.

Слични вести пристигнуваат од соседна Долна Саксонија.

Министерот за здравство Јенс Шпан денеска рече дека вакцината АстраЗенека е безбедна и ефикасна.

– Веднаш би се вакцинирал со оваа вакцина, рече Шпан. Според него, реакциите на оваа вакцина се поретки отколку со другите вакцини. Тој, исто така, апелираше до сојузните покраини да ги потрошат резервите на вакцините АстраЗенека што е можно поскоро.

Според Централниот епидемиолошки институт Роберт Кох, од испорачаните 736.800 дози од оваа вакцина, потрошени се само 85.000.

До крајот на февруари, АстраЗенека треба да достави во Германија уште еден милион дози од својата вакцина.

Би можело да ве интересира

Шокантна изјава од АстраЗенека: Не беше работа на компанијата да се занимава со ковид вакцина

Предраг Петровиќ

Летово во Германија ќе може да се патува без тест и без потврда за вакцинација против Ковид-19

Германскиот Уставен суд ја одобри задолжителната вакцинација на здравствените работници

Германија првпат по седум месеци нема смртен случај од Ковид-19

Во Германија завршува рокот на употреба на над 10 милиони дози вакцини против коронавирус

Германец примил 87 вакцини против ковид