Меркел: ЕУ мора да го следи нашиот пример

Од:

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека државите на ЕУ мора да го следат примерот на Германија, за буџетот и реформите на пазарот на труд, за да го вратат растот.

Додека европските лидери настојуваат да излезат од реценсијата и да се изборат со невработеноста, Меркел ги пофали напорите на Германија за задржување на стабилноста на економијата во текот на кризата, наведувајќи дека 17-те членки на еврозоната мора да го задржат рецептот на буџетска дисциплина и унапредување на конкурентноста.

Министрите за труд и финасии на Шпанија, Германија, Италија и Франција на 14-ти јуни ќе се сретнат во Рим, за да се договорат за план кој директно ќе се занимава со проблемот на високата стапка на невработеност на младите во еврозоната.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Австрија се спротивставува на Германија: Нема да примаме нелегални мигранти

Лоши вести од Германија: Економија не успева да излезе од кризата

ЕУ ќе претстави патоказ за постепено укинување на увозот на фосилни горива од Русија

Захарова ја обвини Германија за русофобија

„Гардијан“: Орбан се соочува со голем проблем, ЕУ планира да го замолчи

Германија e погодена од неверојатни поскапувања