Во земјите од Европската Унија седум милиони луѓе се вакцинирани со две дози

Од:

Европска Унија доби околу 33 милиони дози вакцини против Ковид-19, изјави денеска претседателката на Европска комисија, Урсула фон дер Лајен.

– Вакцинацијата напредува, во моментот се доставени околу 33 милиони дози, 22 милиони луѓе веќе добија една доза, а седум милиони луѓе веќе примија две дози, посочи Лајен.

Таа додаде дека ЕУ планира да ја забрза вакцинацијата следните недели и месеци додавајќи дека се одобрени за употреба вакцини од други три компании.

Досега во ЕУ се одобрени вакцините на Фајзер/БиоНтек, од кои се купени 600 милиони дози, на Модерна – 160 милиони дози и на АстраЗенека – 400 милиони дози.

Покрај троа ЕК склучи договори за достава на вакцини во ЕУ на Џонсон и ЏОнсон, на Санофи-ГСК и на КјурВак.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он