Момче на возраст од 25 години утрово околу 3 часот било донесено неконтактибилно во Медицинскиот центар во Струга, соопштија од МВР.
Поради тешките телесни повреди момчето е пренесено во Клиничкиот центар во Скопје.
Сe уште не е познато што точно се случило и кој го повредил момчето од струшкото село Корошишта.
Од полицијата најавуваат подетални информации за подоцна.