ВИДЕО: Заштитната моќ на вакцината е 95 отсто, се надевам дека ќе бидам во нив, рече докторката која прва ја прими вакцината

Од:

Докторката која прва ја прими вакцината на „Фајзер“ за заштита од Ковид-19 по вакцинирањето повика сите да се вакцинираат оти тоа е единствениот начин да се заштитиме. Вакцинацијата утрово почна во модуларната болница до Инфективната клиника, а се вакцинираше здравсвениот персонал токму од Инфективната клиника.

„Ја примив вакцината, се чувствувам одлично, безбедно. Секој од нас во оваа држава треба да прими вакцина по сопствен избор, кој сака ’Фајзер’ кој сака друга, но тоа е единствен начин да се заштитиме. За 21 ден ќе ја примам втората доза, закажан е терминот кога треба да ја примам. Имунитетот се постигнува за две до три недели се постигнува. Заштитната моќ на оваа вакцина е 95 отсто, се надевам дека ќе бидам во тие 95 отсто“, рече Добринка Наунова Јовановска, примариус доктор инфектолог.

И главната сестра на Инфективната клиника, Габриела Темелковска, чие вакцинирање утрово се пренесуваше во живо, повика сите да се вакцинираат за побрзо животот да се врати во нормала.

Министерството за здравство најави дека очекуваат дневно да се вакцинираат по 260 здравствени работници. Здравствените работници од другите градови треба да дојдат во Скопје за вакцинација оти распоредување на вакцините во останатите градови е најавено откако ќе стигнат нови количини.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски