Во 2012. регистрирани 1.403 дивоградби

Од:

Минатата година во земјава се регистрирани 1.403 бесправно изградени објекти, од кои најголемиот дел 622 се во Скопје, Тетово 90, Пробиштип 77, објави Државниот завод за статистика.

Од скопските општини најголем број дивоградби 131 се регистрирани во Карпош, потоа 121 во Аеродром, 119 во Центар, 93 во Чаир, 50 во Кисела Вода.

Според видот на објектот, бесправно се изградени 215 објекти за домување или 15,3 отсто, 208 дивоградби,надградби и адаптации  или 14,8 отсто, 148 деловни објекти  или 10,5 отсто, 163 гаражи или 11,6 отосто, 215 огради или 15,3 отсто, 13 скалила  или 0,9 отсто, 34 тераси или 2,4 отсто, 48 летни тераси или 3,4 отсто, 107 настрешници  или 7,6 отсто, 115 времени објекти или 8,2 отсто и 137 помошни објекти  или 9,8 отсто.

Најголем број бесправно изградени објекти 94,5 отсто се во приватна сопственост.

Би можело да ве интересира

ДЗС: Повеќе договорени, а помалку извршени градежни работи во странство

Помалку издадени одобренија за градба во мај

Горан Наумовски

Вкупниот прометот во индустријата во април намален за седум отсто

За една година затворени 14 училишта во Македонија: Намален е бројот и на паралелки и ученици

Александар Тодески

Лани поднесени обвиненија за половина од примените пријави за злоупотреба на лични податоци

Александар Тодески

Негативен природен прираст во 2022 година

А1он