Бајден им го честита Денот на независноста на Косоварите: Вашата земја има посебно место во моето семејство

Од:

Претседателот на Соединетите Американски Држави Џо Бајден ѝ испрати телеграма на вршителката на должноста претседател на Република Косово, Вјоса Османи, во која неа и на граѓаните на Косово им го честита утрешниот празник, Денот на независноста на државата.

Во пораката која попладнево ја објави Османи, американскиот претседател, како и во писмото упатено пред неколку дена до претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изразува надеж дека Приштина и Белград ќе ги решат меѓусебните спорови, со постигнување „сеопфтен договор за нормализација на односите“, што ќе подразбира „меѓусебно признавање“ на двете држави.

– Врските меѓу нашите два народи остануваат цврсти, засновани на заедничката посветеност за постојан развој на Косово (…) Со нетрпение ја очекуваме соработката со идната Влада, со цел да го придвижиме Косово напред во неговиот европски пат. Не очекува многу работа, вклучително еден сеопфтен договор за нормализација на односите со Србија, во чие средиште ќе биде меѓусебното признавање, со што ќе се зајакне владеењето на правото, совладувањето на пандемијата на Ковид-19 и ќе се поттикне економскиот раст кој ќе овозможи просперитетна иднина за сите граѓани на Косово, порача Бајден.

Американскиот претседател вели дека „Косово има посебно место во семејството Бајден“ поради тоа што неговиот покоен син, Бо, по војната во 1999 година, служеше во американски мисии во таа земја.

– САД остануваат посветен пријател и партнер на Косово во тие напори. Додека,пак, за мене лично, Косово продолжува да има чува едно посебно место за семејството Бајден, во чест на времето кое нашиот покоен син Бо Бајден работеше на обезбедувањето на мирот, правдата и правната држава и за сите граѓани на Косово, ѝ пишува Бајден на Османи.

Косово утре ја слави 13-тата годишнина од пргласувањето на независноста, а САД се сметаат за најзаслужни за формирањето на најмладата држава во Европа и за нејзиното признавање од околу 100 држави во светот, меѓу кои и Република Северна Македонија, како и 20 членки на Европската унија.

Би можело да ве интересира

Бајден ќе присуствува на инагурацијата на Трамп

Бајден: Издавањето налог за апсење на израелски лидер е срамота

Горан Наумовски

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

Бајден наполни 82 години и стана најстариот актуелен претседател во историјата на САД

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово