ВИДЕО: Најголемиот снег во последните 15 години ја парализира Атина

Од:

Жителите на Атика, поширокиот регион на Атина, од синоќа имаат можност да уживаат во снежна покривка, а обемот на снегот, иако не повеќе од 20 до 30 сантиметри, сепак ја парализираше грчката метропола.

Над 20 атински населби останаа без струја, дел се без вода, телефон и интернет, а во одредени случаи прекинот на електрична енергија трае над 12 часа.

Најголеми проблеми има во северните предградија и населби каде што паднале околу 600 дрва, а во некои случаи го прекинаа сообраќајот или предизвикаа штета врз паркирани возила.

Сообраќајот се одвива со потешкотии, рано утрово главните булевари во Атина не беа воопшто исчистени, а јавниот превоз, со исклучок на метрото , речиси и да не функционираше.

Автопатот Атина – Ламија, со одлука на Владата од вчера во 19 часот е целосно затворен, а постои и забрана за пловидба на бродови од атинските пристаништа.

Снегот ја одложи и планираната вакцинација за денеска, па така сите оние кои имале закажано термин во областа Атика, ќе бидат дополнително известени кога ќе ја примат вакцината.

Од Министерството за развој и инвестиции на Грција соопштија дека „поради неповолните временски услови и со цел вработените безбедно да се вратат во нивните домови, супермаркетите денеска ќе затворат два и пол часа порано, односно во 18, наместо во 20.30 часот.

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис по вонредниот состанок во Секретаријатот за цивилна заштита за координација на сите надлежни органи во справувањето со проблемите предизвикани од снегот, упати апел до граѓаните да бидат особено внимателни и да избегнуваат непотребни движења.

Би можело да ве интересира

Мицотакис: Во овие околности меморандумите нема да се ратификуваат во грчкиот Парламент

Маринакис: Другата страна не ги почитува основните работи, односно името на земјата, која не се вика Македонија, туку Северна Македонија

Каселакис: Меморандумите се позитивни за Грција и од геополитички и од економски причини

Сè додека трае оваа ситуација нема да ги ратификуваме меморандумите, повторно порака од Грција

Катерина Ѓуровски

Грчкиот Ејџијан Ерлајс ја прекина продажбата на билети за сезонската авиолинија меѓу Скопје и Крф

Катерина Ѓуровски

Комисијата на ЕУ ги повика Скопје и Атина да се држат до договорот за промена на името

Орце Костов