Америка и Германија почнуваат преговори околу „Северен тек 2“

Од:

Американската администрација, предводена од претседателот Џо Бајден, започна преговори со германското раководство за утврдување на иднината на проектот „Северен тек-2“, објави „Волстрит журнал“, повикувајќи се на неколку извори.

Според претставник на германска страна, на консултациите се разговара за „заканата од санкции против компаниите вклучени во изградбата на Северен тек-2“.

Весникот наведува дека американската администрација започнала со прегледување на нејзината надворешна политика во врска со проектот откако бродот „Фортуна“ започна да поставува цевки во данските води на 6 февруари.

Според весникот, администрацијата има рок до денеска, кога треба да обезбеди список на компании кои би можеле да станат потенцијална цел на американските санкции. САД исто така може да одбијат да воведат санкции во врска со националните интереси.

Според извори на весникот, членовите на Советот за национална безбедност се состанале да разговараат за гасоводот, вклучително и подготвеноста на Германија да воведе мораториум на проектот.

Бајден сè уште не даде коментар за проектот. Сепак, според портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки, ставот на претседателот е дека „Северен тек 2“ е лош договор за Европа.

Според Стејт Департментот, Соединетите Американски Држави имаат намера „да ја следат активноста за завршување на изградбата и сертифицирање на гасоводот и доколку се објави таква активност, ќе одлучат за применливоста на санкциите“.

Претходно „Фајненшл тајмс“ објави дека Германија очекува да ги убеди САД да се откажат од санкциите против „Северен тек-2“. Германските политичари размислуваат да користат механизам што ќе и овозможи на Германија самостојно да го затвори „Северен тек-2“ ако Русија, на пример, изврши притисок врз Украина и произволно ги намали испораките преку нејзиниот систем за пренос на гас.

Би можело да ве интересира

Светската сила на работ на банкрот, лоши прогнози за животниот стандард во Германија

Порака од Германија: Сакаме да ја видиме Северна Македонија во ЕУ, сега е важно да се продолжи со уставните измени

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

Во Диселдорф експлодираше киоск, загинаа три лица, 16 се повредени

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува