(ВИДЕО) Васев: Политичката кариера на Милошоски е завршена

Од:

„Пратеникот од опозициската ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски е срам за Собранието, срам за македонската демократија и дејствува штетно по угледот на државата.

Последните докази за скандалот „Кражба“ потврдија дека тој извршил криминални дејствија кражба и фалсификување кога студирал и живеел во Германија.

Истовремено, пред македонските судови против Милошоски се водат процеси за основано сомневање за криминал со имот, користење на лустрацијата за уништување луѓе заради лична одмазда“, рече Стефан Васев од СДСМ.

„На Милошоски местото не му е ниту во Собранието, ниту во политиката, ниту во белиот дворец зад мене, туку пред надлежните судови каде треба да ја дочека разрешницата на предметите што се водат против него.

Неговата кариера во политиката е завршена.

Со сите дела зад себе, со сите отворени предмети, со сите искажани лажни вести, Милошоски не е достоен да ја извршува функцијата народен пратеник.

Милошоски, блискиот соработник на Христијан Мицкоски, а претходно и на Никола Груевски, денес е најмалку повикан да зборува за било што во државава освен за неговите кривични дела и судски процеси што против него се водат пред домашните судови.

Милошоски делува штетно по демократијата, по угледот на Собранието и државата и треба да се тргне од каков било допир со државните ресурси“, изјави Стефан Васев од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“