Шпанија планира фабриката на Нисан да ја пренамени за производство на батерии за електрични автомобили

Од:

Шпанија размислува фабриката на јапонскиот производител на автомобили Нисан, што требаше да биде затворена во декември, да ја пренамени за производство на батерии за електрични автомобили.

Нисан има три погони во околината на Барселона, во кои се вработени околу 3.000 луѓе, кои требаа да бидат затворени во декември, но тоа беше одложено за една година со цел властите да имаат повеќе време да пронајдат купец. Фабриката на Нисан е изградена на земјиште во државна сопственост.

Каталонската Влада го поддржува проектот за изградба на погон за производство и рециклирање на батерии. Проектот „Батери хуб“ (Battery Hub) бара 6,8 милијарди од европскиот пакет помош за обнова на економијата во висина од 140 милијарди евра,

Европска Унија се залага за домашно производство на батерии со цел производителите на автомобили помалку да се потпираат на увозот од Кина, да се зголеми производството на електрични возила за да се задоволат строгите европски прописи за емисии на штетните гасови.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

A1on

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска