СДСМ: На Милошоски местото не му во Собранието и политиката, туку пред надлежните судови

Од:

„Пратеникот од опозициската ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски е срам за македонската политика, срам за Собранието и е штетен по угледот на државата.

Последните докази за скандалот „Кражба“ потврдија дека Антонијо Милошоски извршил криминални дејствија кражба и фалсификување кога студирал и живеел во Германија.

Милошоски треба да замине од функцијата, особено што против негов се водат процеси и пред домашните судови и тоа за основано сомневање за криминал со имот, користење на лустрацијата за уништување луѓе заради лична одмазда“, вели СДСМ.

„На Милошоски местото не му е ниту во Собранието, ниту во политиката, туку пред надлежните судови каде треба да ја дочека разрешницата на предметите што се водат против него.

Неговата дволичност е метод со кој Милошоски опстојува во политиката предолго време. Тој манипулира со неговата лична улога во преговорите за името како министер за надворешни работи, за да може да ги прогласува предавници тие што всушност го решија спорот.

Милошоски делува штетно по демократијата, по угледот на Собранието и државата и треба да се тргне од каков било допир со државните ресурси.

Милошоски, човек осуден во Германија и близок соработник на Христијан Мицкоски не е достоен да ја извршува функцијата пратеник и е најмалку повикан да зборува за било што во државава освен за неговите кривични дела и судски процеси што против него се водат пред домашните судови“, соопштува СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“