СДСМ: Се е подготвено за почеток на масовна имунизација

Од:

„Здравствениот систем е подготвен за почеток со масовната имунизација против коронавирусот, откако институциите предводени од СДСМ ги надминаа сите предизвици во врска со вакцинацијата.

Навреме се набавија соодветни фрижидери за складирање на вакцините, беше направен прецизен план за вакцинација на населението, а првиот контингент вакцини веќе пристигна во државата, како поддршка од пријателска Србија.

Веќе од утре, први ќе се вакцинираат здравствените работници кои во изминатиот период се во првите борбени редови против Ковид 19, кои секојдневно се изложени на ризик од коронавирусот и пожртвувано се грижат за заболените“, велат СДСМ.

„Наскоро се очекува да пристигнат и вакцините од Кина, со што засилено ќе продолжи вакцинацијата на населението.

Додека институциите предводени од СДСМ се посветени на решавање на предизвиците и работат во интерес на граѓаните и јавното здравје, ВМРО-ДПМНЕ предводена од Мицкоски во текот на пандемијата се однесува деструктивно, шири лажни вести, ги прекршува мерките за заштита, се обидува да го поткопува здравствениот систем и напорите за справување со пандемијата.

Граѓаните знаат дека СДСМ се грижи за нивното здравје, а Мицкоски се грижи само како да си ја зачува фотелјата во белиот дворец.

Затоа шест пати загуби на избори, затоа уште долго ќе остане во опозиција“, соопштува СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“