(ВИДЕО) Костовски: Наместо да влегува во нови лаги, Милошоски да се извини за скандалот „Кражба“ и да поднесе оставка

Од:

„Последните докази за скандалот „кражба“ потврдија дека Антонијо Милошоски не се воздржувал од криминални дејствија дури ни кога студирал и живеел во Германија.

Ова е целосно разобличување на карактерот на еден политичар кој со децении вирее на политичката сцена и директно наштетува на националните интереси на државата и угледот на законодавниот дом.

И наместо да излезе пред граѓаните, да се извини, Милошоски влезе во нови лаги“, вели Мартин Костовски, пратеник на СДСМ.

„Недозволиво е ваков однос на пратеник кон граѓаните, кон Собранието, кон државата.

Антонијо Милошоски треба да се извини и да поднесе оставка, особено што се водат процеси против него и во домашните судови.

Долга е низата на неговите кривични и политички престапи на Милошоски. Против него се водат судски процеси за основано сомневање за криминал со имот, користење на лустрацијата за уништување луѓе заради лична одмазда.

Неговата дволичност е метод со кој Милошоски опстојува во политиката предолго време. Сме го виделе тоа и кога манипулира со неговата лична улога во преговорите за името како министер за надворешни работи, за да може да ги прогласува предавници тие што всушност го решија спорот. Сме читале и за неговите долгогодишни врски со најрадикални антимакедонски бугарски политички структури, ама и сме го слушале како лаже дека оваа Влада го продава идентитетот.

Казните за кражба и фалсификување во Германија само го заокружуваат овој профил на политичар од минатото.

Знаеме дека и во ВМРО-ДПМНЕ има чесни пратеници, членови, функционери и редно е да излезат и тие и да побараат оставка од нивниот колега.

Граѓаните ни дале доверба за да ги застапуваме нивните интереси, за да работиме за нив и за државата, а не за да браниме криминал, не за да ја злоупотребуваме собраниската говорница за да шириме лажни вести како што тоа постојано го прави Милошоски.

Извинување и оставка, тоа треба да го стори Милошоски“, изјави Мартин Костовски, пратеник на СДСМ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ да каже дали Филипче е во Дубаи и по кој основ се стекнал со златната виза

СДСМ по изјавата на Бране Петрушевски: ВМРО-ДПМНЕ донесе закон со кој се намалија казните

Спасовски: Законот за Кочани беше можност да покажеме единство, солидарност и промена на системот

СДСМ: Реформските закони за правосудство ги нема, Филков да не ги опструира работните групи

И Таравари виде дека Мицкоски ја води државата во провалија, велат од СДСМ

Катерина Ѓуровски

Бендевска: Штабовите на СДСМ се како музеи на политичка археологија – затворени, запрашени, заборавени