Министерството за одбрана не отстапува од плановите за реконструкција на поранешната караула на Попова Шапка

Од:

Објектот на Попова Шапка во сопственост на Министерството за одбрана што повеќе години е во речиси руинирана состојба ќе остане во сопственост на оваа владина институција, а предвидена е целосна реконструкција за да може да се користи во иднина. Уште пред 10 години е почнат процес за реконструкција но истиот е прекинат.

-За овој објект во 2010 е потпишан договор и почнати се активности за реконструкција, но договорот не е реализиран целосно и објектот останал надвор од употреба. Долгорочно се предвидува инвестициско вложување со кое ќе се заокружи почнатата реконструкција на објектот и ќе се стави во функција на Министерството и Армијата на Република Северна Македонија, информираат од Министерството за одбрана.

Од Министерството за одбрана информираат дека објектот на Попова Шапка е дел од објектите со кои располагат и дека не е предвиден за дивестирање (оттуѓување).

–Напоменуваме дека приоритет за Министерството за одбрана во последниот период беа вложувањата во унапредување на условите за работа во касарните на Армијата, додека реконструкцијата на објектите како оваа поранешна караула на Попова Шапка се планира за следната фаза, информираат од Министерството за одбрана.

Во 2011 година Министерството за одбрана најави дека е планирана инвестиција од повеќе од еден милион евра за реконструкција на објектот на Попова кој треба да прерасне во центар за армиска обука во зимски услови.

Би можело да ве интересира

Петровска: Пристигнато е ново барање од украинска страна за воена помош во моментов се разгледува

Горан Наумовски

Петровска со иницијатива за подигање спомен обележје во Тетово за загинатите во масакрот кај Вејце

Ана Ололовска

Петровска: Речиси 90 милиони евра за воена опрема, учеството во странски мисии ќе чини над 10 милиони евра

A1on

Шекеринска – Брнз: С. Македонија и САД споделуваат исти вредности, двете држави испишаа историја

Ана Ололовска

Министерството за одбрана годинава ќе биде домаќин на најголемата конференција за стратегиски комуникации на НАТО

Ана Ололовска

МО: АП „Криволак“ прерасна во современ домашен и НАТО капацитет, во 2022 тука ќе се одржат седум меѓународни вежби со над 5.000 учесници

Ана Ололовска