Притвор за лице кое опожари возило во Берово

Од:

Притвор од 30 дена му е одреден на беровец осомничен за кривично дело „тешки дела против општата сигурност“. Основниот суд Кочани го прифати предлогот за притвор од јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство Кочани кој постапува во предметот.

Како што соопшти државното Јавно обвинителство, осомничениот во петокот (12 февруари) околу 1:30 часот во Берово, свесен за своето дело и сакајќи го неговото извршување, со пожар предизвикал значителна опасност за животот и телото и имотот од големи размери.

-Тој со запаллива течност – бензин полил, а потоа и запалил патничко моторно возило марка „пасат“, паркирано на паркинг-простор на улицата „Кеј на младина“ во Берово. Во непосредна близина на возилото биле паркирани уште две возила, имало дрвен столб за нисконапонска мрежа и станбена зграда со 40 стана. Со неговите дејствија, осомничениот целосно го опожарил возилото и предизвикал поголема имотна штета во висина од 180.000 денари, соопшти ЈОРСМ.

Би можело да ве интересира

Охриѓанец почина откако кануто му се превртело во Езерото

Катерина Ѓуровски

66-годишен маж пронајден починат во неговиот дом во Кичево

Катерина Ѓуровски

Избегал од затворот во Струмица па ја грабнал поранешната девојка

Полјаци со четирицикли влегле во воени магацини во Тетово, четворица приведени

Човечки труп пронајден во канал во Бардовци

Катерина Ѓуровски

Трагедија во радовишко: 77-годишник загина при сечење дрва