Судот го прифати предлогот на одбраната да има реконструкција на случајот Ангел Петковски

Од:

Кривичниот суд Скопје денеска донесе одлука да се прифати предлогот на одбраната во случајот Ангел Петковски и за истиот случај во наредниот период да се врши реконструкција. Судијката Диана Груевска-Илиевска, посочи дека оваа одлука е донесена по советување на Советот, а точниот датум кога ќе се реализира реконструкцијата ќе биде дополнително соопштен.

Судењето против обвинетиот Насер Ештрефи, кој се гони за убиство на младиот Ангел Петковски, со одлука на Врховниот суд на РСМ е вратен на повторно одлучување.

Едно од главните напатствија кои Врховниот суд ги даде во неговата одлука беше да има реконструкција на настанот каде со нож беше убоден младиот Ангел Петковски.

Претходно обвинетиот Ештрефи, со одлука на Кривичен суд Скопје беше осуден на 14 години затворска казна, која истата беше потврдена од скопската апелација.

Застапник на обвинението во овој случај е јавниот обвинител Дарко Јакимовски.

Би можело да ве интересира

Ниту една казна не може да ни го надомести синот, изјавија родителите на убиениот Ангел Петковски

Ана Ололовска

Тринаесет години затвор за обвинетиот во случајот со убиството на Ангел Петковски

Ана Ололовска

Пресудата за убиството на Ангел Петковски ќе биде објавена во петок

Жарко Настоски

Судскиот процес за убиството на Ангел Петковски продолжи со завршни зборови на Обвинителсвото

По седум години, се правеше реконструкција на убиството на Ангел Петковски во Ѓорче Петров

Жарко Настоски

14 години затвор за убиството на Ангел од Ѓорче Петров

Ана Ололовска