Универзитетот Оксфорд ќе почне со тестирање на ефектот на вакцината АстраЗенека кај деца кои се вакцинираат за првпат, соопшти денеска универзитетот.
Тестовите треба да покажат дали оваа вакцина е ефикасна кога се дава на деца на возраст од шест до 17 години, а истражувањето ќе вклучи 300 волонтери кои ќе ја примат првата вакцина овој месец.
Вакцината на АстраЗенека е наречена „вакцина за целиот свет“ затоа што е поевтина и полесна за дистрибуција од вакцините на конкуренцијата, а од седиштето на оваа фармацевтска компанија е најавено производството на над 200 милиони дози месечно.