Навиките за пазарување треба да се променат и неважно е дали некој ќе пазарува во сабота или некој друг ден и неработната недела нема да ги загрози работните места, тврди Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска околу Законот што треба да ја гарантира неработната недела. Шопинг центрите и маркетите според неа нема да имаат загуба ако бидат затворени в недела а тоа за работниците ќе значи повеќе време што треба да го минуваат со семејството, вели Шахпаска.
За кадровската подготвеност да се спроведе Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство, за помошта на социјалните случаи во време на пандемија, промени во функционирање на социјалните служби, зајакнување на Меѓуопштионскиот центар за социјална работа, повеќе во интервјуто со Шахпаска.
„Изјавата дека 500 денари од поврат на ДДВ кон семејствата ја дадов во предизборната кампања. Не се срамам од оваа изјава, и како доктор по професија знам дека 100 грама месо се доволни дневно за едно лице и домаќинките можат да готват пет дена за целото семејство“, вели Шахпаска.