Во Скопје 18 хоспитализирани за 24 часа, во ковид центрите на лекување се вкупно 579 пациенти

Од:

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 18 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 230 лица се лекуваат на инфективните оддели во главниот град. Вкупната бројка на пациенти кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 579 и има околу 461 празни болнички кревети информираат од Министерството за здравство.

Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 4 приеми. Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 7 нови приеми на пациенти и 7 на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 20 оздравени пациенти.

Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 23 пациенти, на Клиниката за неврологија 30 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 9 пациенти со симтоми на корона вирусот. Во ГОБ 8 Септември има вкупно 73 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 77 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 16 пациенти. На ГАК се хоспитализирани две пациентки.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 349 пациенти. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 18 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 36 пациент.

На инфективното одделение во Тетово има 25 пациенти, во Велес се лекуваат 30 болни, а во Куманово 45 пациенти. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 40 пациенти, во Прилеп 28, во ковид центарот во Гостивар 15, а во Струга 17 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 22 пациенти, во Кочани 3 во Кичево 8, Кавадарци 42, во Гевгелија 5 лица, а во Дебар 13.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски