ВИДЕО: Снежна луња ја завеа Москва, 60.000 комуналци се борат со невремето

Од:

Руската престолнина деновиве е под удар на најсилното невреме оваа зима, кое е силно и непријатно за московјаните, и покрај тоа што тие се навикнати на екстремни временски услови во февруари.

Повеќе од 60.000 комуналци и 13.500 возила на специјалната техника деноноќно ги чистат улиците од новите наноси снег, кој мрзне во допир со тлото, создавајќи замрзнат слој кој претставува кошмар за возачите.

Според метеоролозите, до сабота се очекуваат нови врнежи и зголемување на снежната покривка за 40 do 60 сантиметри, а ноќните температури викендов се очекува да се спуштат до -13 степени.

Поради мразот, силниот ветер и намалената видливост, властите апелираат до возачите максимално да внимаваат.

Виулицата силна како сегашната, што ја донесе циклонот Вокер кој потекна од Балканот, последен пат во Москва е видена во 2018 година.

Би можело да ве интересира

Спасувачките тимови на мотоцикли ќе почнат да патролираат во Москва

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Судот во Москва му одредил притвор на продуцент на Ројтерс

Горан Наумовски

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија