Сто кила марихуана откриени на патот кон Паликура, некој ѝ дојавил на полицијата

Од:

Полицајци од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, во соработка со полициски службеници од Одделот за специјални полициски операции, СВР Велес и Регионален центар Југ, по претходна пријава, денеска на патот кон селото Паликура, во општината Росоман, во приватен објект, пронашле десет вреќи со 98 пакувања марихуана, во вкупна количина од околу 100 килограми.

По насока на Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци извршен е увид и се преземаат интензивни мерки и активности за обезбедување на докази за инволвираност на лица кои го сториле кривичното дело предвидено и казниво по член 215 од Кривичниот законик, по што ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Би можело да ве интересира

Од 16 уапсени за безобѕирно возење, деветмина се без положен возачки испит

А1он

Сообраќајот на Табановце се одвива без задржувања, казните за сообраќајни прекршоци странците ги плаќаат онлајн, информира МВР

И полски државјанин заврши со лисици на рацете на „Табановце“ – возел двојно побрзо од дозволеното

А1он

Уапсени се 11 возачи за безобѕирно возење

А1он

МВР со предупредување: Дроновите да се приземјат веднаш при појава на полициски хеликоптер

Горан Наумовски

Акција во Прилеп: Полицијата уапси дилер на марихуана