Директорот на Рускиот истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија Гамалеја, Александар Гинзбург изјави дека е докажано оти вакцината Спутник V против Ковид-19 обезбедува имунитет најмалку девет месеци.
„Во моментов, експериментално можеме да гарантираме дека вакцината Спутник V обезбедува имунитет околу девет месеци и малку повеќе од тоа, рече Гинзбург за телевизијата „Русија 24“.
Тој додаде дека тој и голем број други истражувачи од Институтот „Гамалеја“ биле меѓу првите луѓе кои ја примиле Спутник V.
– Нивото на нашите заштитни антитела во моментов одговара на нивото што ни овозможува на сите да донираме плазма за оние кои ја имаат оваа болест, изјави рускиот научник. јт/
2021-02-12 15:16:49, од Јасмина Тасевска