(ВИДЕО) Петровска: За скандалот „Kражба“ и срамниот однос кон граѓаните Милошоски да поднесе оставка и да се извини

Од:

„Јавно достапни документи потврдија дека пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски бил осудуван и казнет за кривични дела „кражба“ и „фалсификување“ во Германија.

Наместо да им се извини на граѓаните и да понесе одговорност, за овој голем срам за него и за ВМРО-ДПМНЕ, Милошоски дополнително влезе во нови лаги.

Секој пратеник избран од граѓаните мора да покаже одговорност најпрво пред оние кои го ибрале“, рече Славјанка Петровска, пратеничка на СДСМ.

„За овој скандал и срамен однос кон граѓаните и државата Антонијо Милошоски треба да поднесе оставка и да се извини.

Особено што против него и пред домашните судови се води предмет каде се сомничи дека сторил измама и злоупотреба на службената положба и овластувања.

Тоа што актуелното раководство на ВМРО-ДПМНЕ застана целосно зад Милошоски покажува дека во оваа партија ништо не се променило. Тие се уште се заглавени во режимската матрица.

Наместо на страната на правдата, на страната на реформите на судството, ВМРО-ДПМНЕ овде во Собранието, но и надвор од него, се постави во одбрана на криминалот.

Затоа ВМРО-ДПМНЕ со сите сили работеше да го закочи, да го блокира носењето на Законот за јавно обвинителство. Затоа собраниската говорница беше злоупотребена за лажни вести и дезинформации.

Затоа блокираат закони кои се важни за подобрување на животот на граѓаните.

Ова е голем срам за ВМРО-ДПМНЕ. Како ќе им погледнат на граѓаните во очи, фатени во нивните лаги и невистини? Со кое лице? Со кој образ?

Сигурни сме дека и во пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ има голем број пратеници кои го осудуваат ваквиот начин на однесување.

Ваквиот неоговорен начин на делување го нарушува и нивниот дигнитет.

Собранието постои за граѓаните и пратениците треба целокупните свои активности да ги насочат кон итересите на граѓаните.

Затоа оставка и извинување од Милошоски се прв и неопходен чекор“, изјави Славјанка Петровска, пратеничка на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“