Електронска база на релевантни меѓународни документи за меѓукултурен дијалог и интеграција на општеството

Од:

За практично спроведување на Националната стратегија за развој на концептот за едно општество и интеркултурализмот (2020-2022 година), Владата во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје изработи електронска база на податоци на релевантни меѓународни документи насочени кон унапредување на меѓукултурниот дијалог и интеграција на општеството.

Базата на податоци (достапна на линкот: https://ednoopstestvo.vlada.mk)  е сеопфатна, со вкрстени референци и вклучува релевантни меѓународни договори и конвенции, извештаи и препораки на клучни меѓународни организации, заложби на ОБСЕ и други меѓународни стандарди и практики.

Владината прес-служба соопшти дека базата ќе послужи како алатка за следење и проценка на спроведувањето на Стратегијата за развој на концептот за едно општество и интеркултурализмот.

– Фокусот на базата е на главните извори од меѓународното право, кои се тематски, релевантни за Стратегијата и за Акцискиот план за спроведување на Националната стратегија. Во оваа база на податоци, главната структура на изворите е дадена по организациски кластери, и тоа: кластер „Организација на Обединетите нации“, кластер „Совет на Европа“, кластер „Организација за безбедност и кластер соработка во Европа“, „Европска унија“, наведува прес-службата на Владата во известувањето.

Националната стратегија за едно општество и интеркултурализам промовира основни вредности на различности, вклученост, почитување на човековите права, еднакви можности, особено за жените и мажите, владеење на правото, демократија и култура на мир и дијалог.

– Спроведувањето на Националната стратегија е предводено од Координативно тело, на чие чело е националниот координатор на Владата за интеркултурализам, едно општество, развој на културата и меѓуресорска соработка, Роберт Алаѓозовски, информира владината прес-служба.

Би можело да ве интересира

Влада: Попустот на горивата продолжува до 18 мај

Течниот нафтен гас намален за пет денари за литар

Катерина Ѓуровски

Продолжува мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати, Владата очекува намалување на малопродажните цени

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

За две години вработените во државните институции ќе имаат за 40 отсто повисока плата, колективниот договор помина на владина седница

Мицкоски најави реконструкција на Владата во мај или јуни

Горан Наумовски