Во едно исламско училиште-интернат во источен Лондон доцна синоќа избувна пожар за кој полицијата вели дека се сомнева оти може да е подметнат.
Противпожарната служба била повикана да интервенира во интернатот Дарул Улом, во лондонскиот кварт Числхарст, непосредно пред полноќ.
Во тој момент на спиење во интернатот имало околу 130 ученици и помошен персонал, кои итно биле евакуирани.
Полицијата соопшти дека во инцидентот нема повредени,освен што две лица побарала лекарска помош,поради проблеми со дишењето.
Пожарот е брзо локализиран, па на зградата на училиштето-интернат,отворано во 1988 година, не е направена поголема штета.Во објектот има 130 соби во кои може да се сместат по две машки деца,но во моментот на избувнувањето на пожарот интернатот не бил целосно исполнет.